Либиските владини сили почнаа офназива за ослободување на Сирт од ИД

Вооружените сили на Владата на национално единство на Либија денеска презедоа офанзива против позициите на Исламска држава во градот Сирт.
- Силите навлегоа во последните два кварта на Сирт, кои останаа под контрола на ИД. Почна последната битка за Сирт, изјави Реда Иса, портпарол на владините сили.
Околу 1.000 војници учествуваат во последната фаза на операцијата. Џихадистите се обиделе да ги нападнат владините сили со автомобил-бомба, но биле спречени од тенк.
Според очевидци, неколку тенкови и други воени возила се придвижуваат кон северниот кварт на Сирт, кој е под контрола на ИД,
Сирт е на 450 километри источно од Триполи. Сирт е најголемиот град во Либија кој е под контрола на ИД. Градот беше заземен минатата година, а либиските владини сили на 12 мај почнаа операција за ослободување, а во градот влегоа на 9. јуни.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
