Свет
8. јуни 2016 - 21:07

Либиската армија влезе во упориштето на ИД во земјата

Либиската армија влезе во упориштето на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во земјата - Сирт, изјави генерал од силите на меѓународно признатата влада.

Во родниот град на поранешниот либиски диктатор Муамер Гадафи се водат жестоки судири. Војската преземала клучен мост во Сирт, на кој ИД ги бесела телата на своите непријатели, и се наоѓа на само пет километри од центарот на крајбрежниот град.

Во денешните борби загинаа пет либиски војници, а 25 се повредени.

Сирт е единствениот град надвор од Сирија и Ирак што е под контрола на ИД.