Либерман предлага Влада на национално единство на Израел

Поранешниот министер за одбрана на Израел и лидер на екстремно десничарската партија Израел Бејтену, Авигдор Либерман повика на формирање влада на национално единство откако излезните анкети покажаа дека никој не освоил мнозинство на вчерашните парламентарни избори.
Либерман повика на формирање влада на единство која би ја сочинувале неговата Израел Бејтену, Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и Сино-белата партија на поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија Бени Ганц.
– Имаме само една опција – национална, либерална и широка влада, која би ги опфатила Израел Бејтену, Ликуд и Сино-белите, рече Либерман на партиски собир во Ерусалим.
Израелската изборна комисија соопшти дека на повторните парламентарни избори гласале 69,4 отсто од граѓаните со право на глас, што е незначително повеќе од април, кога излезноста била 68,5 проценти.
Ново на Сител
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
-

Универзитетите и Владата единствени за новото законско решение за високото образование
-

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година
