Либералната партија ја презентираше изборната програма во Прилеп
Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски заедно со кандидатите за пратеници од Прилеп денеска имаше средба со прилепчани пред кои ја претстави изборната програма.
Величковски рече дека трите клучни прашања кои треба да се решат во државата се економијата, стабилноста на државата и образованието и младите.
- Тоа се трите предизвика кои ќе останат пред нас и сега и по изборите, уште долги години, рече Величковски, додавајќи дека е потребно консолидирање на институциите.
Тој рече дека една од целите на нивната партија е македонскиот производ да стане конкурентен на пазарите надвор од државата.
- Да ја оспособиме економијата, оспособувајќи ги претприемачите. Малите и средните компании собираат 70 проценти работна сила во себе од вкупната работна сила во стопанството. Затоа мора да се поведе внимание како претприемачот да го одржиме, да го негуваме, да му овозможиме да се развие, со минимум административни бариери, рече Величковски.
Ново на Сител
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
-
Лазаров по пласманот во осминафиналето на Европскиот куп: Тоа беше нашата зацртана цел и ја остваривме