Либанската армија и Хезболах почнаа офанзива против ИД на сириската граница
Либанската армија денеска почна офанзива против групата Исламска држава на североисточната граница со Сирија, а либанската шиитска организација Хезболах прогласи офанзива против џихадистите од сириската страна на границата, пренесе ТАСС.
Операцијата на армијата е насочена против енклавата на Исламска држава во близина на градот Рас Баалбек.
Либанските војници со ракети, артилерија и хеликоптери ги нападнаа позициите на џихадистите во планинската месност Џруд ел Каа. Оваа територија е последниот реон долж границата меѓу Либан и Сирија, што е контролирана од оваа џихадистичка група.
Либанскиот генерал Али Кансо изјави дека околу 600 борци на Исламска држава ја држат граничната област со површина од 120 квадратни километри. Овие борци, според него, се атентатори самоубијци и изјави дека „тоа е најтешката битка досега, водена од либанската армија против терористичките групи“.
Истовремено, Хезболах и сириската армија го нападнаа реонот на западен Каламун, во Сирија.
Шиитската организација соопшти дека го исполни своето ветување да „ја отстрани терористичката закана долж границите на земјата“ и дека се бори задно со сириската армија.
Либанската армија соопшти дека својата офанзива не ја усогласува со Хезболах или со сириската армија.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот