Либан бара и Кипар да помогне економски заради бранот бегалци

Либанскиот премиер Саад Харири изјави дека Кипар може да и помогне на неговата држава да добие економска поддршка од други европски држави за да ги издржи напорите за справување со околу 1,5 милиони сириски бегалци.
По преговорите со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, либанскиот премиер истакна дека Бејрут има потреба од меѓународна помош за стимулирање на економијата и создавање работни места.
- Кипар може да игра важна улога во привлекување на таа поддршка, изјави Харири.
Анастасијадис рече дека Кипар ќе испрати нов пакет воена помош за либанската армија.
Во следната недела претстои потпишување билатерален договор за размена на разузнавачки информации.
Во војната во Сирија загинаа најмалку 400.000 луѓе. Над 11 милиони се принудени да ги напуштат домовите
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
