„ЛГ“ е првиот голем производител на смартфони што се повлекува од пазарот
Јужнокорејската компанија „ЛГ електроникс инк.“ е првиот голем производител на паметни телефони што го затвора својот синџир на производство поради загуби, откако не најде нов сопственик.
Одлуката за повлекување ќе остави празни околу 10 отсто од пазарот во Северна Америка, каде што беше трет, а каде „Самсунг електроникс“ и „Епл инк.“ ќе се борат за тој дел од пазарот. – Во САД, „ЛГ“ целеше кон пазарот на уреди од средна и ниска класа и тоа значи дека „Самсунг“, кој има поумерени цени од „Епл“, ќе биде во подобра позиција кај купувачите на „ЛГ“, смета Ко Еуи-јанг – аналитичар во „Хај инвестмент енд секјуритис“.
Одделението за паметни телефони на „ЛГ“ забележа загуби од скоро 4,5 милијарди долари за шест години.
Напуштањето на ваков конкурентен пазар ќе му овозможи на „ЛГ“ да се посвети на области како што се – делови за електромобили, паметни домови и слични системи и уреди, се вели во соопштението на компанијата.
Според познавачите, компанијата била потисната од недоволно знаење за спротивставувањето на новите кинески конкуренти. Тековниот глобален удел на ЛГ е само два отсто. Оттаму лани лансираа 23 милиони паметни телефони на пазарот, додека Самсунг пласираше 256 милиони уреди.
„ЛГ“ ќе обезбедува поддршка и нови верзии на програмите за постојните корисници уште некое време.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот