Лежете, изгубете сантиметри во струкот и намалете ги болките во грбот - фантастична јапонска метода
Многу елегантна, лесна и ефикасна можност да се изгубат сантиметри во струкот. Ова е метода на јапонскиот октор Фикуцуџу, автор на позната книга, продадена во повеќе од 5 милиони примероци.
Што точно треба да направите?
1. Прво треба да направите ролна од крпи и да ја преврзете со некаква соодветна лента. Ако имате проблеми со грбот се препорачува помека и помала ролна.
2. Потоа треба да легнете на рамна и тврда подлога, не се препорачува на кревет, туку подобро на соодветна подлога на подот
3. Ја поставувате ролната под грбот, точно под половината, односно под папокот. Ролната треба да биде малку поширока од ширината на грбот
4. Опуштете се. Поставете ги нозете во ширина на рамениците и свиткајте ги стапалата така што ќе се допираат само палците на нозете
5. Рацете треба да ги испружите над главата, да ги свитката дланките надолу и да ги споите малите прсти
Позицијата можеби ќе ви изгледа малку непријатна, но на почетокот испружете ги рацете колку можете и погрижете се да се допираат палците на нозете и малите прсти на рацете – тоа е најважно.
Лежете во оваа позиција пет минути.
Можете да лежите и три пати дневно по пет минути, но првиот пат само пет минути е сосема доволно.
Тоа е тоа.
Изгледа страшно лесно но, ако правилно се изведе вежбата, вашиот скелет ќе почне да се враќа во својата природна положба и можете да почувствувате болка. Ако ви е тешко да издржите пет минути, можете да почнете со две и постепено да го зголемувате времето, но на крајот морате да дојдете до целните пет минути. За најдобри резултати потребно е секојдневно да вежбате, поточно да лежите. Ако ја поставите ролната под градите – ќе ги поткренете градите, а ако ја поставите под ребрата – половината ќе стане уште поизразена!
Важно е по сеансата да станете многу пополека. Прво свртете се на страна, па седнете и потоа станете, избегнувајќи нагли движења.
Ново на Сител
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир