Левица: Законите за ,,Бехтел и Енка" не смеат да поминат
Денес, по предлог на пратениците од ДУИ, СДС и Алијанса за Албанците во собраниска процедура, по скратена постапка, влегуваат предлог-измени на девет закони (за шуми, урбанистичко планирање, градење, експропријација, земјоделско земјиште, минерални суровини, културно наследство, работни односи, јавен интерес).
Со измените во Законот за градење се изема надлежноста и се префрла одговорноста од релевантните институции. Буквално, ќе можат да градат каде сакаат и кога сакаат, под штитот наречен „особен интерес“.
Истото се предвидува и во Законот за урбанистичко плaнирање. Се скратуваат рокови за одговор и прибавување на потребна документација, до степен на апсурдност, со што ќе се добијат погрешни параметри при процесот на планирање. Но, тоа не им е важно, затоа што тотално нестручната Влада ќе ги одобрува проектите, додека минорни казни (од само 2500 евра), ќе бидат единствената „утеха“ ако настане хаварија.
Шумите, кои ќе се најдат на патот на Коридорот, ќе можат безмилосно да се сечат, на трошок на инвеститорот, но како „компензација“ на тој трошок ќе може да си ја земе шумата која ја исекол. За споредба, доколку ваков закон беше на сила, при изградба на гасоводот низ Водно, немаше да има никаков надомест за штета (десеткратно се плати за штетата, иако СДС со тогашниот градоначалник ги одлеаа средствата во непознат правец).
Минералните суровини кои ќе се најдат на патот ќе можат да се експлоатираат и сето тоа законски и под заштита. Археолошките наоѓалишта ќе можат да ги уништат во име на „особен интерес“. Но, тоа не е интерес на граѓаните, туку личен интерес.
Со овие предлог-закони, ДУИ и СДС се простираат пред странскиот капитал и како докажани квислинзи, ја ставаат и Македонија и македонскиот народ во подредена улога, сè со цел да остварат профит и за себе и за своите газди од изградбата на Коридор 8 и 10Д.
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Ново на Сител
-

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија за што имаме поддршка од ЕУ и земјите членки, нашите позиции се јасни и принципиелни
-

Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември
-

Променливо облачно време во наредните денови, од понеделник локален дожд
-

За девет месеци во 2026 година регистрирани над 1.300 кривични дела поврзани со семејно насилство
-

Истрага против четири лица, а за тројца побаран притвор после големата акција во Куманово: „Падна“ лихварска група
-

ДЗС: Безбедно отстранети две минофрлачки гранати од 75 mm од Прва светска војна во прилепско
-

Сите банки во Македонија најавуваат технички прилагодувања викендов, можни се прекини во плаќањата
-

Милнер се подготвувал за дебитантскиот маратон со помош на вештачка интелигенција
