Левица: Во државна институција во Тетово истакнато само албанско знаме

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција (државен инспекторат) истакнато е само албанското знаме, БЕЗ државното знаме.
Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи!
Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони.
Опасен е молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваме дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами?!
Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на Републиката, што се надоврзува на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава!
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
