Левица: Власта нема никаков легитимитет да говори за асномските и илинденски идеали
За време на владеењето на пробугарската СДС и амнестираната ДУИ, Македонија како никогаш досега, се соочи со целосно возобнување на бугарскиот врховизам и ништење на АСНОМ-ските темели.
Додека се брише фашистички окупатор од споменици, сведоци сме на ново регистрирано здружение, по примерот на клубот на докажаниот фашистички колаборатор „Ванчо Михајлов”. Изминатиов период, во Охрид скандалозно делува здружение, чиј претседател е извесен Томе Блажески, кое го носи името по фашистичкиот бугарски цар Борис Трети!
Како и за случајот со Ванчо Михајлов, нема никаква информација кој му дал дозвола на ова здружение да се регистрира под името на фашистички окупатор, ниту пак од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нема никаква најава за кривичен прогон!
Нема одговор ниту по кривичната пријава на Левица против претседателот на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов”, Љупчо Георгиевски, заради „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.
Од друга страна, полицијата под команда на Спасовски, во типичниот вазалски дух, веднаш интервенираше во случајот со палењето на бугарското знаме. Потсетуваме дека бугарската влада веднаш испрати писмена протестна нота за транспарентите на Левица на протестите против бугаризација, на кои пишуваше дека со фашисти не се преговара. Додека владата на СДС и ДУИ нема упатено ниту една писмена протестна нота до бугарското МНР за сите негаторски омаловажувања кои континуирано доаѓаат од бугарскиот парламент!
Овие неоврховистички и необалистички елементи на власт, кои целосно ја доведоа Македонија во потчинетост пред соседните шовинизми, немаат никаков легитимитет да говорат за асномските и илинденски идеали за слобода, непокор и независност.
Ќе останат запаметени во историјата како платеници кои ги разнебитија темелите на македонската државотворност, а претходно ќе бидат гонети за велепредавство.
Македонскиот народ, иако во минатото многу пати бил поробен, тој никогаш не бил покорен.
Во македонската колективна меморија тлее искрата на непокор и самопожртвуваност за слободата и независност на Републиката, која ќе ги преброди и овие привремени колаборатори и повторно гордо ќе се возобнови.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија