Левица: Владата ја субвенционира струјата од џебот на граѓаните додека ЕСМ остварува милионски профити
Додека Ковачевски се фали дека граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја ако не се субвенциите, или во превод нашите пари, Бесими порача дека поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Според Ковачевски, 600.000 домаќинства и 70.000 компании, кои се на регулираниот пазар, се снабдуваат со субвенционирана струја.
Во Буџетот оваа година се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со енергетската криза, од кои дел се наменети за ЕСМ. Овие субвенции се народни пари кои се слеваат во Буџетот преку даноците, глобите, судските и административните такси.
Изминатата грејна сезона, Владата преку субвенции кон АД ЕСМ префрли 320 милиони евра народни пари. Огромен процент од субвенциите се прелеани во фирми блиски на власта за услуги во РЕК Битола и набавка на струја за покривање на универзален снабдувач.
Од друга страна, според финансиските извештаи, поголемиот дел од енергетските компании стекнаа високи профити. Само ЕСМ во 2022 година оствари 40,88 милиони евра добивка. Овие субвенции најмногу се на товар на обичниот граѓанин . Со политика на рамен данок, малите стопанственици плаќаат иста стапка на данок, како и најпрофитабилните компании.
Додека се оданочуваат работниците, место милионерите и нивното богатство, власта ќе манипулира со парите на сиромашните слоеви и ќе ги дели за субвенции во компании кои работат со огромни добивки.
Левица
Ново на Сител
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани
-
„Тајмс оф Израел“: Нетанјаху побарал од Трамп да не ги укинува санкциите за Сирија
-
Собранието го донесе Законот за енергетика, за Божиновска тоа е еден од најважните
-
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-
Холандија и Данска се најдобри земји за деца
-
Приведен 61-годишник, при претрес на неговиот дом најдени се пушки, пиштол и куршуми различен калибар