Левица: Спасовски ја штител станицата која нерегуларно вршела технички преглед на автобусот на „Беса транс”

Од Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски нема коментар зошто станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот кој изгоре во Бугарија на „Беса транс” и за која биле утврдени серија неправилности уште во август, добила решение за забрана на работата дури три дена по несреќата во ноември.
Имено, во станицата за технички преглед се констатирани неправилности во работата кои можат неминовно да допринесат до небезбедни возила на патиштата. Покрај нестручни лица кои ги извршуваат прегледите на возила, забележано е дека компанијата не води регистар на прегледани возила. Сепак, предлогот за забрана за работа на станицата министерот Оливер Спасовски не го потпишал, за на 5-ти октомври во станицата да пристигне автобусот, кој во ноември беше причина за ужасна трагедија.
Криминалот на владејачките министри и раководители кои одлучуваат да држат предмети во фиока, народот го надоместува со изгубени животи. Во непроценливи размери чини злонамерното владеење на СДСМ, ДУИ и коалициските партнери. Секојдневните одлуки на владиниот кадар и севкупната владина политика, се опасни по животите и здравјето на граѓаните и повикуваат на народна самоодбрана на физичкиот интегритет на секој поединец.
Како што се намалува општата доверба во институциите поради делегитимитираниот мандат на владината коалиција, така и расте потребата од радикални мерки против недемократскиот ѕвер на СДСМ и ДУИ.
Не постои рокада на владиниот кадар која може да го испере злосторничкото дејствување кое во повеќе наврати народот го чинеше човечки животи – предвремени избори значат сламка спас од канџите на хибридниот мафијашки режим.
Левица
Ново на Сител
-

Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови
-

Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница
-

УХМР најавува нестабилно време, од вторник дожд и силен ветер
-

Сиљановска-Давкова на свечената академија по повод 100 години „Љуботен“: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење
-

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, приведен 41-годишник
-

Приведен 40-годишен велешанец, управувал возило со 94 километри на час на место каде е дозволено 40
-

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина
-

Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската кошарка
