Левица: Со кршење на спомен плочата кај Вејце Албанците од Тетово се враќаат во камено доба
Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, Aлбанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба.
Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни.
Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила.
Сите функцуонери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков "соживот" не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на Европската заедница, а општеството ви е труло.
Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија