Левица: Со карти на Голема Албанија во основно училиште во Струга се навредуваат Македонците
Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на ООУ ,,Браќа Миладиновци". На слики од Голема Албанија се фотографираат наставниците покрај децата, што претставува отворен сепарационизам и понижување на македонскиот народ.
Од фотографиите кои ги доби Левица, евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, ВД директор е ЛАУРА ШАТЕ, за која постојат сомневања дека е незаконски назначена од страна на Рамиз Мерко.
Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ. Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на иредентистичките слики. Левица ќе поднесе и Претставка до Државниот просветен инспекторат, со цел да се санкционира ваквото скандалозно однесување, како и да се испита постапката на кој начин е поставена ВД директорката.
На анти-македонското дивеење на ДУИ мора да му дојде крај!
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница