Левица: Сите лица со фантомки ќе бидат отстранети од редарските служби
Маските за „европска Македонија“ на нелегитимната власт на пробугарскиот СДС одамна се паднати. Сите декларирани алузии за македонскиот идентитет, јазик, политичка автономија и сувереност, економски просперитет и слични манипулации на криминалната владејачка класа се разбиени – македонизмот и македонскиот работник се жртва на нивните лукративни интереси.
Лажни и манипулативни се нивните „повисоки цели“ поради кои македонскиот народ го лишат од основните атрибути на неговиот културен и политички идентитет и историски континуитет. Со прифаќање на понудениот Предлог НЕ СЕ ОТВОРА ПАТОТ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА на Македонија во ЕУ, туку се завршува процесот на нејзината конечна дезинтеграција – исчезнување на македонска држава во Европа.
Македонскиот јазик станува прв јазик за кој ЕУ (преку Бугарија) официјално ја отвара можноста да биде негиран и предмет на преговарање за интеграција;
Не постои никаква гаранција дека Бугарија во иднина нема да блокира. Нивните барања стануваат целосно дел од процесот, и ќе можат да се наметнуваат нови;
EУ и Бугарија, со барањата поврзани околу работата на т.н. Историска комисија сакаат од македонскиот народ и држава да создадат бугарска играчка која нема сопствено минато и целосно да го погазат револуционерното, партизанското, антифашистичко и АСНОМ-ско минато, негирајќи постоење на македонски народ со свои атрибути пред 1945 година!
Затоа, во овој критичен историски момент нема простор за слабост и чекање, неопходен е автентичен и силен отпор на македонскиот народ!
Апелираме да не се потпаѓа на провокациите на полициските инфилтратори и вечер повторно МАСОВНО и достоинствено да протестираме против присилната бугаризација на Македонија!
Сите лица со фантомки ќе бидат отстранети од редарските служби.
Центар за комуникација на политичката партија Левица
Ново на Сител
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични