Левица побара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци“
Ја информираме јавноста дека политичката партија Левица поднесе претставка за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат, а во однос на работењето на вд директорката во ООУ „Браќа Миладиновци” - Струга. Претходно, Левица обзнани скандалозни фотографии во училиштето, каде ученици и наставници се сликани со карти од голема Албанија, што претставува отворен иредентизам и ширење на меѓуетничка омраза.
Ваквото однесување не доликува за една образовна институција во државата и е во спротивност со чл. 9 од Законот за основно образование. Левица и претходно побара итно разрешување на вд директорката, за која постојат и сомнежи дека е незаконски назначена од страна на градоначалникот Рамиз Мерко.
Неказнивоста на функционерите на ДУИ доведе до секојдневно непочитување на законските прописи и ескалира до степен на ширење великоалбански идеи во образовни институции - скандал кој не се толерира во ниту една европска држава!
Левица ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање, со цел ваквото непочитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија најстрого да биде санкционирано.
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
Ново на Сител
-
Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис за избор за претседател на САД
-
Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак
-
По повод 20-годишнината, НЕОТЕЛ воведува нов пакет за деловни корисници со брзина до 500 Mbps
-
Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Сведок во судењето за убиството и Вања и Панче: Запалениот цитроен „цитроен“ не донесе до пик-ап возилото и партијата „Десна“
-
Викендов променливо облачно време, од недела минусни температури
-
Ден на жалост во Велес, двајцата повредени во сообраќајката и натаму во критична состојба
-
Мицкоски најави нови германски инвестиции, очекува растот на БДП да надмине три отсто