Бизнис
29. December 2021 - 9:56

Левица: Од следната година дефектолози и логопеди во градинките во Општина Карпош

Една од поважните предизборни ветувања на Левица во Карпош се реализира. Од следната година во градинките во Општина Карпош ќе бидат вработени дефектолози и логопеди.

Со ова, градинките конечно ќе располагаат со стручни лица кои ќе им помогнат на децата кои имаат потреба од дефектолози и логопеди во нивниот развој.

„Сметам дека раниот детски развој е од особена важност при развојот на една личност. Токму од тие причини сите деца заслужуваат да имаат соодветна подршка во рамките на воспитно – згрижувачкиот процес во предучилишните установи. Во однос на тоа, приоритет треба да ставиме на иклузија на децата со посебни потреби за полесно да се интегрираат во општествените процеси. За жал материјално финансиската состојба не е иста кај сите родители, а и не сите родители одлучуваат да ги запишат децата во предучилишните установи доколку таму нема соодветен и доволен стручен кадар. Водејки се од тоа,сметам дека една ваква иницијатива за вработување на дефектолози и логопеди во градинките ќе биде од особена важност за општината“ изјави Ивана Стоименовска, психолог и советник од редовите на Левица во Општина Карпош.

Покрај дефектолозите и логопедите, Левица од предизборните ветувања ќе реализира и неколку инфраструктурни проекти во Нерези, Козле, Бардовци и останатите населби, а со укинувањето на печатеното издание на „Карпош Ин“ се ослободуваат 4 милиони денари годишно кои ќе се насочат кон решавање на бројни проблеми на карпошани. Секако, тука е и преносот на седниците во живо со што жителите на Општина Карпош конечно ќе може да го следат работењето на избраните советници.

Политичка партија Левица

ЛО Карпош