Лев: Бразил не ме контактирал
Германскиот фудбалски стручњак Јоаким Лев изјави дека не бил контактиран од бразилската репрезентација која е во потрага по нов селектор на тимот.
– Не е точно дека ме побараа од Бразил. Немаше никакви контакти. Инаку, можам со ист интензитет да работам и со клубот и со репрезентацијата, ги цитира зборовите на Лев „Билд“
Претходно беше објавено дека 63-годишниот специјалист е лично заинтересиран да го заземе местото селектор на бразилската репрезентација.
Лев е без работа од јули 2021 година, откако ја напушти германската репрезентација, која ја водеше 15 години.
Последен селектор на бразилската репрезентација беше Тите, под чие водство „Кариоките“ стигнаа до четвртфиналето на Светското првенство 2022 година, во кое беа елиминирани од Хрватска (1:1, 2:4 на пенали). По овој пораз, Тите ја напушти функцијата.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот