Бизнис
21. April 2016 - 19:44

Летово почнува изградбата на експресниот пат Штип - Кочани

За два до три месеци ќе почне изградбата на нов експресен пат во земјава. Како што најави министерот Мисајловкси, Кочани – Штип ќе биде долг 28 километри и ќе има четири ленти. Инвестицијата изнесува 21 милион евра, обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој.

Мисајловски и тим од градоначалници и Македонија пат направија увид на изградениот мост кај Пишица долг 51 метар и во кој се вложени 21 милион денари. Се проверија и градежните работи на регионалниот пат од Карбинци до Зрновци, инвестиција од 50 милиони денари.

Проектите во општините Карбинци, Зрновци и Чешиново и Облешево треба значително да ја подобрат поврзаноста меѓу населените места во регионот.