-->
-->
„Летот на ангелот“ на отворањето на Венецијанскиот карневал
-->
Повеќе од 20.000 луѓе во шарени маски и костими вчера го проследија почетокот на Венецијанскиот карневал, кој традиционално беше отворен со „Летот на ангелот".
Туристите и жителите на Венеција гледаа како 19-годишната студентка Елиса Константини прикачена за сајла од 80 метри виси од црковната кула висока 99 метри. Таа притоа фрлаше конфети врз насобраните луѓе.
Венецијанскиот карневал официјално почна вчера, а завршува на 13 февруари.
Карневалoт првпат се организирал во чест на воената победа во 1162 година. Во 17. и 18. век станува меѓународно познат, но во 1797 година, како и носењето маски, е забранет од страна на австрискиот цар. Традицијата е обновена во 1979 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија