Летна школа за дизајн во штипската Библиотека
Триесет ученици од основните и средни училишта беа дел од Летната школа за мода и дизајн која ја организираа Технолошко-Техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Националната универзитетска установа-Библиотека „Гоце Делчев“-Штип. Менторот на летната школа Сања Ристевски од Технолошко-Техничкиот факултет и нејзнините двајца студенти ги учеа децата изминатите денови да цртаат, моделираат и изработуваат текстилни производи.
- Нивните надобри цртежи се презентирани овде во нивното уметничко катче, кои што и самите го нарекоа Дестан дизајн, вели Ристевски.
Таа забележа дека овие Летни школи се добри што на децата од најмала возраст да ги откријат нивните таленти. Смета дека младите кои се талентирани за мода и дизајн имаат одлична можност за едукација во Штип, бидејќи има и средно текстилно училиште, факултет но и производствени капацитети од областа на текстилството кои им нудат и вработување. Соработката со бизнис секторот е одлична, а студентите од Технолошко - Техничкиот факултет својата практична работа ја реализираат во штипските текстилни конфекции.
Лина Продановска ученичка од Скопје, која во текот на летото била на гости кај своите баба и дедо во Штип вели дека ја искористила приликата во текот на летото да учествува во Летната школа, а од страна на наставниците и учениците ги научила основите на дизајнот и моделирањето. Цртежите и креациите на учениците можат да се видат на изложбата која е поставена во штипската Библиотека.
Ново на Сител
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
-
Планирале напади за новогодишните и божиќните празници, притвор за 4 лица кои создале терористичка организација
-
Обвинение за убиството кај „Мавровка“, го убил од користољубие, пукал и кон полицијата во обид да избега
-
Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места
-
Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
-
Агелер без коментар за чекорите на Обвинителството по американското јавно назначување на функционери за корупција