-->
-->
„Летале“ по автопат, на радар фатени со 202 км/ч и 190 км/ч
-->
Во текот на вчерашниот ден (26.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 361 возач. Од нив 31 возилo се движелo со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 159 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 202 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
