Летале маси и столици, двајца гости демолираа позната скопска кафеана
Ноќеска по полноќ во два часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во угостителски објект на бул. „Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.
По завршување на работното време, вработениот одбил да им однесе пијалак на гостите кои седеле на една од масите.
После тоа, две непознати лица започнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што заминале во непознат правец.
На повреди се пожалиле повеќе лица, но само В.Н. (45) од Скопје побарал лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал
-
Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец
-
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ
-
Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите