Летачкото такси сѐ поблиску до секојдневието

Далас, Лос Анџелес, Мелбурн и неколку други градови по светов наскоро можеби ќе ги добијат своите први летачки такси-возила, познати и како патнички беспилотни летала.
Околу 200 такви прототипи се наоѓаат во различна фаза на развој ширум планетата. Како што пишува „Економист“, комерцијалните услуги веќе се најавуваат за наредниве неколку години. Убер планира такво нешто да отпочне уште 2023 година.
– Многу е поголемо значењето на она што можеме да го направиме. Може на смислен начин да го пренесеме превозот од копно во воздухот, изјави Ерик Алисон од Убер.
Освен Убер, и германската компанија Волокоптер деновиве го спроведе својот прв пробен лет.
Летајќи над фудбалско игралиште во Штутгарт, нивното летало со 18 ротори покажа како ќе функционира летачкото такси. Eдна друга германска компанија – Лилиум од Минхен, ги најавува своите летачки такси-услуги до 2025 година.
Кинескиот производител Е-Ханг исто така работи на сличен проект. Но, она што допрва следи, е утврдување на стандардите и правилниците за одобрување летови со вакви роботизирани летала.
Во сѐ тоа помага и американската вселенска агенција НАСА, којашто во соработка со Убер би требало да изработи систем на сообраќајни контроли за новиот вид сообраќај.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
