-->
-->
Лестер победи во Лондон кај Вест Хем
-->

Екипата на Лестер ја постигна и втората победа во Премиер лигата и остана на врвот на табелата со максимален учинок по двете кола. Попладнево Лестер триумфираше на гостувањето кај Вест Хем со 2:1. Гостите двата гола ги постигнаа во првиот дел, а стрелци беа: Шињи Оказаки во 27.минута и Риад Махрез во 38.минута. Голот за Вест Хем го постигна Дмитри Пајет во 55.минута.
Резултати на денешните натпревари:
Саутемптон – Евертон 0:3,
Сандерленд – Норвич 1:3,
Свонси – Њукасл 2:0,
Тотенхем – Стоук 2:2,
Вотфорд – ВБА 0:0,
Вест Хем – Лестер 1:2
На вчера одиграниот натпревар Астон Вила – Манчестер Јунајтед 0:1.
Утре играат: Кристал Палас – Арсенал и во дербито на колото последните два шампиона на Премиер лигата Манчестер Сити – Челзи.
Последниот натпревар од 2.коло меѓу Ливерпул и Бурнемонт се игра во понеделник.
По некомплетното второ коло на врвот со максимални шест бодови се Лестер и Манчестер Јунајтед, додека Евертон и Свонси имаат по 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
