Лепиткова во посета на децата кои се на рехабилитација на Пелистер
Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова денеска ги посети децата кои се испратени на климатска рехабилитација во националниот парк Пелистер.
За време на посетата на детското одморалиште, Лепиткова истакна дека активноста се реализира согласно Програмата на Министерството и на Владата на Република Македонија, а е во организација на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес.
- Оваа активност ја реализираме повеќе од една деценија. Вклучени се деца од регионите кои се под влијание на металургиските капацитети и на кои им е неопходен планински воздух. Тука се сместени повеќе од 130 деца од општините Велес, Кавадарци, Илинден кои престојуваат по седум денови со што продолжува реализацијата на континуираната програма, посочи Липиткова.
Средствата за седумдневна рехабилитација на децата кои боледуваат од болести на респираторниот систем, ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров