Ленарчич: Коронавирусот претставува сериозна опасност, вонреден министерски неделава
Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, утрово го посети Европскиот центар за координација на итната помош во рамките на борбата против коронавирусот. Тој предупреди дека епидемијата е сериозна и дека за Европската Унија јавното здравје врвен приоритет.
Комесарот потврди дека министрите за здравство на Европската Унија ќе се состанат кон крајот на оваа недела за вонреден министерски совет и порача дека Европската Комисија ја поддржува оваа иницијатива за да се интензивира соработката и координацијата на земјите членки.
-Ситуацијата е загрижувачка, ова претставува сериозна опасност за јавното здравје, вирусот се шири со голема брзина, и мерките мора да се преземат на координиран начин, изјави пред медиумите Ленарчич.
Европската Комисија не е одговорна и не одлучува за репатријација на заразените од Кина кон Европа, обврската е во рацете на националните власти, но ЕК им помага во напорите за координација. ЕК до сега спроведе репатријација на над петстотини ЕУ граѓани, потсети еврокомесарот и интензивно соработува со кинеските власти.
-Во постојан контакт сме со кинеските власти за да видиме како можеме заеднички да го спречиме ширењето на вирусот, сега е време да ги здружиме нашите сили, да работиме заедно, да сториме сѐ за да ја стопираме епидемијата, изјави Ленарчич.
Европската Комисија ги помага и напорите на научниците за нова вакцина против коронавирусот, одвоени се десет милиони евра за оваа цел, потсети комесарот.
Тој призна дека последиците од вирусот врз кинеската економија најверојатно ќе имаат негативен економски импакт во Европа и во целиот свет, но порача дека во овој момент главен приоритет е здравјето на граѓаните.
-Економските последици иако се важни се второстепени, изјави Ленарчич.
Ново на Сител
-
Возач и сопатничка починале на лице место откако со „ауди“ излетале од патот
-
Мотоцикл удрил во 79-годишен велосипедист во струшко
-
Судењето за Раде Штекли одложено, одбраната вели страда од растројство и има халуцинации и параноидни идеи
-
Делчевчанец и се заканувал на поранешната сопруга и пишувал вулгарни пораки на својата малолетната ќерка
-
Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари кој две жени се обиделе да го шверцуваат на Богородица | ФОТО
-
Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
Аква паркот кај „Борис Трајковски“ затворен поради истечена гаранција на реквизити и економска неисплатливост