-->
-->
Лековито вино од коприва
-->
Бројни се лековитите својства на копривата, растение кое од дамнешни времиња се користи во медицински сврхи.
Покрај подготовката на вариво или сок, можете да направите и особено лековито вино. Измешајте 10 лажици листови и корења од коприва, лажичка пелин, лажичка изгмечени бобинки од смрека и две лажици бел хлебните.
Целата смеса, ставете ја во литар црвено вино и оставете да отстои 12 часа. Потоа, на виното додадете му 4 лажици мед, па потоа варете го околу половина час. Свареното вино поклопете го и оставете го да се излади. Консумирајте го напитокот топол, пред секој оброк. Пред да употребувате било кој природен лек, консултирајте се со вашиот лекар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Контролорите на летање најавуваат штрајк доколку не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ
-
Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
-
Приведен 20-годишник од Скопје, возел со 121 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест | ВИДЕО
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти
-
Седници на неколку собраниски комисии
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“