Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница
Лекарската комора денеска на прес-конференција ќе информира за преземените активности во врска со случајот со анестезиологот од тетовската Клиничка болница кој на социјалната мрежа „тик-ток“ објави снимки од пациенти и медицински персонал.
На 43-годишниот лекар му е определена мерка притвор од осум дена, а министерот за здравство Фатмир Меџити побара одземање на лиценцата за работа.
Случајот во полиција го пријави директорот на болницата Плумб Вела. Тој во саботата одржа заедничка прес-конференција со министерот за здравство на која информираа дека лекарот е суспендиран од работа.
- Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа, изјави Вела на саботата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат