-->
-->
Лекарската комора го осуди инцидентот на дигестивна хирургија
-->
Лекарската комора на Македонија го осуди инцидентот кој се случи изутрината во Одделението за дигестивна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во кој од огнено оружје беше повреден еден лекар.
- Јас како човек, не само како доктор, го осудувам овој чин како израз на краен примитивизам. Замислете што се случува во 21 век. Тој што се обидува да ви помогне во најкритичната ситуација вие да го лишувате од жвиот, со какво право. Се согласувам дека во последниве неколку години се зачестени нападите на здравствените работници при што 1.500 доктори или биле изложени на навреди или им се заканаувале или пак биле повредени, физички нападнати, рече попладнево претседателот на Лекарската комора проф. др. Кочо Чакалароски.
Министерот за здравство Никола Тодоров попладнево, исто така, најостро го осуди инцидентот на Клиничкиот центар и рече дека претставува криминален чин на напад врз доктор за време на вршење на службена должност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица