Лекарската комора ги осуди обидите за деградирање на работата на здравствените работници

Лекарската комора на Македонија реагира и ги осудува обидите за деградирање на работата на здравствените работници и апелира дека е потребно да се има доверба во нивната стручност, компетентност и одговорност.
Ова се наведува во реакцијата на Лекарската комора во врска со последниот наводен инцидент во Универзитетската клиника за неврологија од кој, како што посочуваат, е поставено видео на Јутјуб на кое се гледа расправија меѓу некој кој неовластено снима со мобилен телефон во болнички простор и медицинскиот персонал. Видео материјалот, истакнуваат од ЛК, потоа се дистрибуираше на социјалните мрежи со цел да се креира случај, а потоа го презедоа и некои медиуми.
- Лекарската комора на Македонија како професионална докторска асоцијација укажува дека докторите во Република Македонија, како и секаде во светот, работат согласно протоколи и медицина базирана на докази, почитувајќи ги принципите на својата професија која ја вршат одговорно, стручно и совесно. На овие постулати се базираат и нивните одлуки при укажувањето на континуирана здравствена заштита на пациентите, определувањето на дијагностичките постапки, приоритетите и терапевтскиот третман. Во таа функција е и перманентната континуирана едукација на докторите која за оваа специфична професија е задолжителна обврска, стои во реакцијата.
Комората, посочуваат оттаму, не го оспорува правото да се биде незадоволен од нешто во здравството, но кога реакцијата на тоа незадоволство излегува надвор од системските и моралните рамки, смета дека претставува директен атак на професионалноста, стручноста и угледот на докторите и здравствените работници во целина, особено ако тоа се случува во моментите кога тие максимално се посветени на оние пациенти на кои во тој момент им е најнеопходна лекарската помош.
Oд Лекарската комора апелираат да се внимава на она што се објавува, неговата веродостојност и издржаност, да се проверат фактите, бидејќи во спротивно дирекно се удира по интегритетот и достоинството на здравствените работници кои преку воспоставениот систем обезбедуваат 24-часовна здравствена заштита и им се достапни на пациентите. Со злоупотребите на социјалните мрежи и неовластеното изнесување на лични податоци за наводните случаи, според Лекарската комора, непотребно се усложнуваат работите, а тоа не е во интерес ниту на давателите, ниту пак на корисниците на здравствените услуги.
Во овој контекст, Лекарска комора на Македонија апелира и за поголема толеранција од страна на пациентите во определениот термин за преглед затоа што евентуалните пролонгирања, во основа, се оправдани и во интерес на некој друг пациент.
- Како докторска асоцијација цениме дека е потребно да се работи на враќање на довербата меѓу пациентите и здравствените работници и дека и ним им се потребни услови за нормална работа. Услови во кои тие нема да бидат неосновано дефокусирани и вознемирувани, пред се во интерес на здравјето, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
-

Министерство за здравство: Епидемиолошката состојба во Гостивар стабилна
-

Нема нови случаи на западнонилска треска, последните суспектни случаи се негативни
-

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист и уреден градот
-

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
