Лекарите во Јужна Кореја бараат да се прекине со вакцинацијата против грип поради смртта на 13 лица
Здружението на лекари во Јужна Кореја ја повика владата итно да ја прекине вакцинацијата на милиони граѓани со вакцина против грип, бидејќи починале 13 лица што ја примиле вакцината.
Иницијативата за вакцинација против грип се појави затоа што експертите веруваа дека може да спречи компликации доколку се заболи од коронавирус. Затоа властите одлучија да подготват бесплатни дози за 19 милиони граѓани. Сепак, овој план најверојатно ќе биде запрен откако 13 лица починаа откако беа вакцинирани, вклучително и 17-годишен тинејџер, пренесува РТ.
Процесот на вакцинација претходно беше запрен три недели откако беше утврдено дека околу пет милиони дози, кои според протоколот мора да се чуваат во фрижидер, се чувале на собна температура се додека не се транспортирале до медицинските установи. Вакцинацијата започна повторно на 13 октомври, но никој од починатите не ја примил „спорната вакцина“.
Директорот на Здружението на лекари, Чои Дае Зип, изјави дека кампањата за задолжителна вакцинација треба да се прекине додека не се провери дали сите вакцини се исправни.
Корејските власти, пак, тврдат дека нема докази дека смртта на пациентите на кој било начин е поврзана со вакцината против грип.
Министерот за здравство Парк Ноунг-хо призна дека луѓето се загрижени заради вакцината, но рече дека програмата ќе продолжи.
Прелиминарната истрага покажа дека шест смртни случаи во никој случај не биле поврзани со примањето на вакцината. Откако продолжи програмата за вакцинација, околу 8,3 милиони Корејци примија вакцина против грип, а пријавени се околу 350 случаи на несакани ефекти.
Ново на Сител
-
Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори