Балкан
30. December 2019 - 21:14

Лекари во Романија запалиле пациентка среде операција

Жена го загуби животот за време на хирушка интервенција кога хирурзи по грешка ѝ нанеле смртоносни повреди по целото тело, информираше министерот за здравство на Романија, пишува „Гардијан“.

Пациентката, која имал рак на панкреас, починала во неделата здобивајќи се со изгореници на 40 отсто на нејзиното тело, откако хирурзите искористиле електричен скалпел и покрај тоа што на нејзината кожа бил искористено средство за дезинфекција на база на алкохол.

Контактот со запаливото средство за дезинфекција предизвикал палење, а огнот брзо се проширил по телото на пациентката, рече на Фејсбук Емануел Унгуреану, романски политичар, цитирајќи ги вработените во Центарот за интензивна нега во болницата Флореска во Букурешт.

Една медицинска сестра фрлила кофа со вода врз 66-годишната жена во обид да го изгаси огнот. Министерството изјави дека ќе го истражи „несреќниот инцидент“, кој се случил на 22 декември.

- Хирурзите требало да бидат свесни дека е забрането да се користи средство за дезинфекција на база на алкохол за време на хирушки процедури во кои се користи електричен скалпел – изјави заменик-министерот Хоратиу Молдован.

Семејството на жртвата рече дека зборувале со вработените за „инцидентот“, но не понудија дополнителни детали.

И покрај подобрувањата поради зголемувањето на средства, болниците во Романија сè уште се соочуваат со сериозни пробелеми поради дотраената опрема и недостатокот на лекари, и често се наоѓаат во центарот на бројни скандали.

Кога во 2015 година изби пожари во ноќен клуб во земјата, несреќа во која загинаа 64 лица (26 на местото на настанот и 38 лица подоцна), поранешен министер за здравство во Романија е обвинет дека го одложувал или блокирал трансферот на жртвите во болници во странство. Многумина го загубиле животот токму поради недоволно опремените романски болници. Истрагата за овој случај сè уште трае.