Македонија
5. October 2016 - 17:33

Лекари од тетовско на предавање за примена на медицинската марихуана

Околу 120 матични лекари од тетовско присуствуваа на денешното предавање за примената на медицинската марихуана што се одржа во Советот на општина Тетово.

Предавањето беше во организација на Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗПЛРМ), Лекарската комора на Македонија и Фондот за здравство.

Покрај матичните лекари од тетовско на предавањето што го одржа докторката Даниела Војтикив Самојловска од Одделот за неврологија во Клиничката болница Тетово присутвуваа и лекари специјалисти од неврологија, регенолози како и доктори од брзата помош и вкацинација.

- Целта на денешното предавање е запознавање на матичните лекари со потребата од медицинската марихуана и нејзината употреба по одредена дијагностика. Засега медицинската марихуана не е медицински базирана на докази, но во светски рамки се употребува. И покрај нашите скромни искуства со оваа проблематика досега имаме сознанија дека медицинската марухуана се користи во широк дијапазон кај повеќе видови рак, реуматолошки заболувања, астма, како и кај други болести. Секако тоа е се уште за поединечни случаи бидејќи се уште сме без стручни студии од поголеми размери, мета анализи и слични случаи со што употребата на медицинската марихуана недовосмислено ќе биде потврдена како медицинско средство, изјави специјалстката по семејна медицина и кооринаторката за Тетово на ЗПЛРМ д-р Светлана Трифуновска.

Употребата на маслото од канабис, како што посочи таа, кај нас е легализирано за медицински цели од пред шест месеци при што два вида што се со ниска концентрација на канабиноиди се продаваат без ресепт, а уште два вида одат само на рецепт и се препишуваат за лекување на мултиплекс склероза, епилепсија и разни видови рак.