-->
-->
Лекари без граници: Луѓето во Мадаја умираат од глад
-->
Женева, 30 јануари 2016 (МИА) - Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека жителите на опколениот град во Сирија Мадаја умираат од глад, и покрај пристигнувањето на конвој со храна.
Хуманитарната организација наведе дека сириската Влада и на неа блиските сили спречиле „медицинските средства“ за спасување животи да стигнат до градот во кој живеат околу 20.000 луѓе.
Наведувајќи ги како извор здравствените работници со кои соработуваат, Лекари без граници соопштија дека 16 луѓе починале во Мадаја откако камионите со хуманитарна помош стигнале во тој град западно од Дамаск.
Лекари без граници наведоа дека има 320 случаи на неухранетост, како и 33 случаи на луѓе „кои се во опасност да починат ако не добијат ефикасно лекување“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек