Лекари без граници: Изјавата на авганистанската Влада е „одвратна“

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ (МСФ) остро ја осуди изјавата на авганистанската Влада по повод нападот на коалициските сили, предвидени од САД, врз болницата во градот Кундуз, во кој загинаа 22 лица.
- Оправдувањето на еден ваков напад е одвратна работа, се вели во соопштението на Лекари без граници, во кое уште се имплицира дека во таквата постапка на официјален Кабул има елементи на „признавање на воено злосторство“.
Во воздушен напад врз локалната болница во овој авганистански град, извршен во саботата, беа убиени 12 луѓе, членови на персоналот на МСФ, како и десетмина пациенти.
Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека „вооружени терористи“ ја користеле болницата како упориште, од каде вршеле напади врз позициите на авганистанската армија и врз цивилите во градот, со што се обиде да го оправда нападот.
Хуманитарната организација за нападот ги обвини само силите на НАТО, тврдејќи дека „САД и авганистанските власти одлучиле да се бомбардира болницата„ верувајќи дека во неа има талибаци“.
Во издаденото соопштение, МСФ наведува дека никој од персоналот не дал информации за какви било борби во болницата.
Американскиот Пентагон од своја страна соопшти дека започнал „темелна и сеопфатна истрага“ за овој тежок инцидент.
Авгнистанските сили, подджани од меѓународната коалиција, што ја предводат САД, се ангажирани во борбата против талибанците, кои на почетокот од минатата недела го зазедоа градот Кундуз во истоимената провиција на северот од земјата.
Градот, кој има стратешко значење за тој дел од Авганистан, е првото поголемо место што талибанците го освија по 2001 година.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
