Лекар нападнат во тетовската болница

Вчера, полициски службеници го лишија од слобода М.М.(28) од с.Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово.
Тој е пријавен дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л.А.(31) од с.Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му пружи лекарска помош.
-Исто така, по пристигнување на полициските службеници, М.М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Тетово.
Тетовската полиција бележи и приведување на 27 годишник осомничен за нанесување тешки телесни повредени на 42 годишник кој поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-На 15.10.2025 во 05:20 часот на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Д.(27) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал А.К.(42) од Тетово. Претходно, А.К. е пронајден со повреди во ископана дупка од објект во изградба информира СВР Тетово.
Приведениот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Трамп ја предлага Ерика Шварц за директор на националниот Центар за контрола и превенција на болести
-

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот
-

КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти
-

Барселона вложи нова жалба до УЕФА
-

Англиско полуфинале во Лига Европа
-

Тошковски во Вашингтон: Продлабочување на безбедносната соработка меѓу Македонија и САД
-

Скопскиот аеродром трет по бројот на патници во поранешна Југославија и покрај намалувањето поради кризата
-

Приведен 66-годишен кичевец, во домот пронајдени оружје и муниција
