-->
-->
Лејно меѓу „ѕвездите“ на колото
-->
Голманот на ЖРК Вардар Амандин Лејно беше најдобрата ракометарка во супериорната победа против Ларвик со 34:20, во четвртфиналето од Лигата на шампионите, за што доби признание од ЕХФ и тоа двојно.
Во најновиот магазин на ЕХФ ТВ, Амандин Лејно е на врвот од две категории. Таа е избрана за една од трите ѕвезди на колото, благодарение на фантастичниот настап со 20 одбрани.
Една од тие одбрани, пак, беше прогласена за најатрактивна, бидејќи Лејно фати стопроцентен зицер на Сана Солберг, од крилна позиција.
Покрај Лејно, во трите ѕвезди се и голманката на Букурешт, Јелена Грубишиќ, која беше најзаслужна за победата над Ростов Дон, кој досега немаше ниту еден пораз, како и Нике Грот од Ѓер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија