Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
Лејди Гага во „Шоуто на Џими Фелон“ раскажа како со нејзиниот свршеник Мајкл Полански го планираат нивниот „скромен“ голем ден, истакнувајќи, сепак, оти можни се и изненадувања.
– Ние всушност зборуваме за одење до матичар. Само ние двајца. И ќе нарачаме кинеска храна, рече пејачката-глумица. – Но, знаејќи ме, тоа може да се претвори и во „циркус со еднорози“, додаде таа на шега.
Поп-ѕвездата откри и на каков романтичен начин – по планинарење, Полански и го поставил судбоносното прашање.
– Ме запроси веднаш по мојот роденден. Тој не ме запроси на врвот. Се искачивме на врвот, направивме неколку фотографии и потоа се упативме назад надолу. Како и обично, се вративме во собата и разговаравме, и тој тогаш го направи тоа, се потсети Лејди Гага.
Вo изјава за „Пипл“ во врска со нејзиниот филм „Џокер 2“ во Лос Анџелес, Лејди Гага сподели и дека Полански работел со неа на придружниот албум што го снимила за филмот. Имено, тој бил еден од извршните продуценти на музичкиот проект.
Ново на Сител
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО