Легнал покрај својот син, го гушнал и починал: Неговата сопруга ден после смртта објави потресна снимка
Британецит Мајк Холингтон изненадно починал и тоа на многу емотивен начин. Тој го гушнал својот осум месечен син, пред да заспие со него во прегратката и никогаш веќе не се разбудил.
Мајк живеел со својата девојка, 22 годишната Холи Бриџвотер и нивното заедничко дете, малиот Сони во англискиот град Гримсби.
Тој починал во саботата мирно во сон, кажа тажната Холи. Нејзе ја теши единствено фактот што последната личност која Марк ја гушнал е токму Сони, па за нејзе тој засекогаш ќе живее во нивниот сон.
Во видеото кое само на ретки нема да им измами солзи, а кое го објави семејството на Мајк, се гледа како Сони ја бакнува фотографијата на својот татко утрото по неговата смрт.
Мајк бил познат како добар човек, сите го сакале. Како Ди-Џеј Гиди бил познат во ноќниот живот во својот град.
-Го гледав додека лежеше. Мислев дека спие. А тој умираше пред моите очи, се присетува Холи и додава:
-Сони е уште толку мал и ранлив. Мајк нема да биде на неговиот прв роденден, на неговиот прв Божиќ. Се е така грозно.
Таа нагласува дека Мајк никогаш нема да го заборави, како и дека Сони, неговата копија па секогаш ќе го потсетува на него.
Мајк живее со своите четири деца. Причината за неговата смрт се уште не е позната.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба