Леглото на џихадистите е на неколку часа од Скопје

Горни Маоч, село во БиХ, оддалечено триесет километри од границата со Хрватска и познато по тоа што го населуваат вехабисти. Тоа е легло на тероризам, а по стравичниот масакр во Париз, ова место е во центарот на внимание на домашните медиуми.
На самиот влез во селото непрестојно доаѓаат патроли кои ги легитимираат жителите, а сигналот на мобилните телефони исчезнува штом се влезе во селото.
Ова место се смета за упориште на радикалните исламисти и неговите жители речиси цела деценија се под истрага на полициските и известувачките агенции поради сомнеж дека се поврзани со тероризмот.

-Сакам цел свет да биде муслимански, да го сретнат Алах како муслиман. Сакам цел свет да биде исламски затоа што тоа е добро за цел свет, изјави новинар на хрватскиот портал Проверено Јасмин Мустајбашиќ, дипломиран правник кој пред седум години го напушти „надворешниот свет“ и дојде да живее во ова село.

Многу мажи од ова село се уапсени поради исламскиот екстремизам. Еден од нив е и Фикрет Зукиќ кој е уапсен во полициска акција „Дамаск“ а чии синови се борат во Сирија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
-

Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч
-

20 диви депонии низ Прилеп
-

Втор ден дебата за Буџетот
-

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира
