Фудбал
13. December 2023 - 11:52

Легендата на Арсенал ќе добие своја уникатна банкнота

Легендата на Арсенал и Холандскиот национален тим, Денис Бергкамп ќе биде почестен со своја неофицијална банкнота од осум евра во чест на неговиот познат гол против Аргентина на Светското првенство во 1998.

„Ројал Еншеде“ печатната фирма која ќе ја испечати оваа нова банкнота ќе ја пушти за користење во недела во главниот град на Холандија, Амстердам.

Банкнота нема да има официјална вредност, но Бергкамп ќе стане првиот холандски спортист на кој му се дава ваква чест.