Лефков: Извештајот од банката покажува дека Бисера Антоанета со државни пари си пазарела
Да учела Бисера Антоанета од Македонските народни мудрости, кои се дел од поголемата културна оставштина на народот низ годините ќе знаела дека на лагата и се кратки нозете. Очигледно не знае, па тука сме да и го кажеме тоа.
Бисера Антоанета лаже кога вели дека купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи од приватна картичка. Вистината е дека Бисера Антоанета купила куфери, мечиња, хулахопки и чорапи со државни пари.
Ова е месечниот извештај за Виза бизнис картичката сопственост на Министерството за култура, издадена на име на Бисера Антоанета.
Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета на 26.10.2023 година со народни пари, од државната картичка си купила куфер Samsonite за 219 фунти.
Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета потрошила 89 фунти во Gift Galore London, од каде ги купила и плишаното мече и фудбалската топка.
Бисера Антоанета потрошила и 146 фунти во Gift Box London, од каде како што веќе објавивме не доставила никакви сметки и не знаеме какви подароци си купила.
Чорапите, хулахопките и помалиот куфер од 59 фунти Антоанета ги купувала со државни, службени пари во кеш, за што доставила сметки до сметководството со цел правдање на готовината која ја има подигнато.
Потенцираме, ова е извештај од банка доставен за клиентот Министерство за култура, Бисера Антоанета, за службена картичка. Овој извештај е доставен архивиран во министерството за култура, а го доставила лично Антоанета.
Бисера Антоанета фатена си инфлагранти, како со државни пари си купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи. За 4 дена за оваа намена се потрошени 700 фунти.
Напоменуваме, ова не е се. Ова е само првиот дел од серијалот скандали Бисера Антоанета. Утре продолжуваме со нов случај, и фрапантни докази како раскошно живееле Антоанета додека народот едвај врзувал крај со крај.
Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска
-
Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација
-
Трамп пред средбата со Путин: Ќе се разговара и за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина
-
Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
-
УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Кривична за поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар
-
Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва
-
64-годишна жена нападнала малолетничка во Гази Баба