-->
-->
Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-->

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, постави нов рекорд во НБА-лигата. Тој ноќеска на натпреварот со Бостон селтикс на домашен терен одигра 34 минути и забележа 20 поени, пет асистенции и четири скока. По овој натпревар Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата кој надмина 43.000 поени во регуларниот дел од сезоната. Неговото достигнување сега е 43.008.
Леброн вклучувајќи ги и плејоф натпреварите има вкупно 51.297 поени.
Инаку, Лејкерс го загубија натпреварот со Бостон со 89:111.
Тимот од Лос Анџелес се наоѓа на 5. место на табелата во Западната конференција со 34 победи и 22 порази.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
