ЛЕ: Шкендија со активен резултат се враќа од Белгија
Фудбалерите на Шкендија загубија со 2-1 (1-1) од Гент, во првиот плејоф натпревар за пласман во фазата по групи во Лига Европа.
Единствениот македонски тим во евро куповите, во Белгија, започна добро постигна гол преку Ибраими во деветтата минута, но не успеа да издржи до крај.
Играчите на Гент головите ги постигнуваа во судиското надополнување на времето во првото и второро полувреме.
Во првата минута од надополнувањето на времето Гент израмни преку Матон, а белгискиот тим до победата стигна со голот на Кулибали постигнат во втората минута од надополнувањето на времето во второто полувреме.
Шкендија и покрај поразот има активен резултат, бидејќи во реваншот и со минимален триумф ќе оди во фазата по групи во Лига Европа.
Возвратниот натпревар ќе се одигра за една недела во Скопје.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода