-->
-->
ЛЕ: Сакал, не сакал, Клоп против Борусија
-->
Пресметката на поранешниот и актуелниот тим на тренерот Јирген Клоп, Борусија и Ливерпул е четвртфиналното дерби во Лига Европа.
Борусија и Ливерпул, во минатото имаат играно во Лигата на шампионите, во сезоната 201/2002, во Дортмунд мечот завршил без голови 0:0, а на „Енфилд“, Ливерпул победил 2:1. Еден меч имаат одиграно и во Купот на победниците на куповите, во финалето одиграно во 1966 година, во Глазгов, Ливерпул победил со 2:1
Ждрепката, која во петокот беше извршена во Нион, Швајцарија, ги спои шпанските тимови Атлетик Билабо и бранителот на титулата Севилја.
На другите две средби Брага, во двомечот, ќе се соочи со Шахтјор, додека Виљареал за противник го има чешкиот преставник Спарта Прага.
Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 7.април, а реваншите се на програмата на 14.април, полуфиналните мечеви ќе се играат на 28.април и 5.мај, а финалето е во Базел на 18.мај.
Брага-Шахтјор
Виљареал-Спарта Прага
Атлетик Билбао-Севилја
Борусија Дортмунд-Ливерпул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот