Фудбал
5. October 2018 - 9:40

ЛЕ: Пресврт победа за Милан

Фудбалерите на Милан забележаа нова победа во Лига Европа и тоа против грчкиот Олимпијакос со 3-1.

Патрик Кутроне и Гонзало Игуаин постигнаа три гола за неполни 10 минути за Милан да избегне драматичен пораз од грчкиот тим во рамките на втората рунда.

Гостите од Грција поведоа уште во 14. минута од мечот преку Мигуел Гереро и тој резултат беше актуелен до 70. минута кога Кутроне израмни за само шест минути подоцна Игуаин да ги донесе „росонерите“ во водство. Кутроне го постигна вториот гол во 79. минута за важна втора победа во ЛЕ кога во првото коло се намачија за 1:0 победа над Дуделанж.