-->
-->
Ле Монд: Гасол игра допингуван!!!
-->

Шпанскиот Совет за спорт (CSD) најави дека ќе го тужи францускиот весник Le Monde, поради текст во кој се инсинуира дека најдобриот шпански кошаркар Пау Гасол бил допингуван на Европското првенство на коешто Шпанија го освои златниот медал.
„Ќе направиме сé за оваа морална мизерија да добие судски епилог“, рекол претседателот на CSD, Мигел Карденал, додавајќи дека Гасол е „бренд на шпанската кошарка и на нашата земја“.
„Гасол минал безброј антидопинг контроли во Шпанија и во странство. Во прашање е престижот на шпанскиот спорт“, дополнил Карденал.
Спорниот текст во кој Гасел се сомничи дека бил допингуван е насловен како „Тајните од младоста на Пау Гасол“. Во него се алудира на врските кои кошаркарот ги имал со докторот Николас Терадос на кого му се судеше во аферата „Фестина“, но на крајот беше ослободен од обвиненијата.
Гасол, во неделата, на Европското првенство го освои златниот медал со Шпанија и беше прогласен за МВП на турнирот.
Инаку, пред неколку години познатиот француски тенисер Јаник Ноа во колумна за Le Monde ги обвини шпанските спортисти за допинг. Тогаш, 55-годишниот тенисер, кој е татко на НБА кошаркарот на Чикаго Булс, Жоаким Ноа, а во светот на тенисот е најпознат како последен француски освојувач на Ролан Гарос, во 1983 година, ги обвини за допинг фудбалерите, кошаркарите, тенисерите и познатиот велосипедист Алберто Контадор.
„Шпанците трчаа побрзо од сите. Многу се поцврсти од останатите и на другите им оставаат само трошки. Имаа во Шпанија афера, позната како ‘Фестина’, за доктор кој ја предизвика најголемата допинг афера во историјата. Но, Шпанците го забошотија целиот случај. Денес светот на спортот изгледа како во филмот “Астерикс на Олимписките игри’.
Доколку добриот друид ви направи волшебен пијалак, тогаш ќе победите. Во конкретниот случај се чини дека Шпанците се како Обеликс, како да паднале во казанот на друидот со волшебниот пијалак“, напиша тогаш Јаник Ноа.
Интересно, на ударот на француските медиуми се најде и Барселона, и каталонскиот гигант Le Mond го поврза со допинг. Поради серијата на текстови весникот го изгуби судскиот спор поради што на Барселона ѝ плати 300.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
