-->
-->
ЛЕ: Ливерпул домаќин на Манчестер Јунајтед
-->

Големите ривали од англискиот фудбал Ливерпул и Манчестер Јунајтед вечерва на „Енфилд“ ќе го одиграат првиот меѓусебен дуел во европските купови. Во рамките на осминафиналето од Лига Европа Ливерпул е домаќин на Манчестер Јунајтед, но гостите се наоѓаат во серија од четири победи на последните четири натпревари од Премиер лигата. За разлика од нив Ливерпул пак нема пораз оваа сезона во ова натпреварување. Почетокот на дуелот е во 21:05 часот.
Бранителот на пехарот Севиља гостува кај Базел.Почеток 19 часот.
Покрај овој натпревар вечерва играат уште: Шахтјор – Андерлехт, Борусија Дортмунд – Тотенхем, Фенербахче – Брага (почеток 19 часот), Виљареал – Баер Леверкузен, Атлетик Билбао – Валенсија и Спарта – Лацио.
Реванш натпреварите се играат на 17.март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху обвинува по масакрот во Сиднеј: Австралија го поттикнува антисемитизмот со признавање на палестинската држава
-

МФ организира настан на тема „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Северна Македонија“
-

Последна овогодишна сесија на Европарламентот
-

Наутро магла, преку ден сончево до 13 степени
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
